Утрински Весник
Македонија

Предлози за парична казна за триесет лица од Скопје, не го почитувале полицискиот час

Истрага и притвор за лице осомничено за убиство на жена во Шуто Оризари

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 30 лица заради непочитување на полицискиот час.

Обвинетите биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. На тој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. ир/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен 18-годишен ученик кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Финансиска полиција со кривична пријава против екс директор на Комунална хигиена

Фрчкоски: „Руднап” и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски