Утрински Весник
Македонија

Шекеринска учестува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО

Шекеринска учестува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска учествува на состанокот на министри за одбрана на НАТО, кој заради глобалната пандемија, по втор пат се одржува преку заштитена видео-конференциска врска.

По дводневиот состанок за Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, Шекеринска во 16:30 часот ќе даде изјава пред Министерството за одбрана.

Министрите за одбрана на НАТО одржаа видео конференција на која донесоа одлуки за зајакнување на одбраната и одговорот на Алијансата.

Како одговор на растечкиот арсенал на нуклеарни ракети на Русија, сојузниците се согласија за избалансиран пакет на политички и воени мерки, вклучително и засилување на воздушната и ракетна одбрана, напредните конвенционални можности, разузнавањето и воените вежби. Тие исто така се договорија и за чекорите што треба да се преземат со цел нуклеарниот одговор на НАТО да се одржи безбеден и ефикасен.

– Ќе го одржиме нашиот одговор и одбрана, но нема да ја копираме Русија. Немаме намера да распоредиме нови копнени нуклеарни проектили во Европа, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителство за „Тотал“: Предметниот јавен обвинител морал да изврши преквалификација поради наодот од супервештачењето, а со тоа настапи и апсолутна застареност

Мицкоски – Бројер: Унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на партнерството во рамки на НАТО

Лажен службеник му ветил дека ќе му го врати запленетото злато и му зел 28.700 евра