Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Белците мора да се извинат за начинот на кој се однесуваа со црните луѓе 400 години

Гвардиола пред дуелот на сезоната: Треба да бидеме совршени во секој поглед

Манчестер, 18 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, по триумфот над Арсенал во 28-то коло од шампионатот на Англија (3-0), изрази поддршка за движењето „Црните животи се важни“.

– Белците треба да се извинат за тоа како се однесуваа со црните луѓе 400 години. Се срамам. Мораме да испратиме милиони пораки до црнците. Мене ми е срамам од тоа што го направиле белите луѓе. Како луѓето можат да мислат дека се различни? Сите гестови се добри и позитивни. Сè што можеме да сториме е да ја подигнеме свеста, дека таквото однесување е неприфатливо. Мораме да направиме многу работи кои досега не сме ги сториле за луѓето со темна боја на кожата, изјави Гвардиола. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена