Утрински Весник
Македонија

Младиот иноватор Албин Алиу од Кичево, ќе студира на Вандербилтовиот универзитет во САД

Младиот иноватор Албин Алиу од Кичево, ќе студира на Вандербилтовиот универзитет во САД

Кичево, 18 јуни 2020 (МИА) – Младиот Албин Алиу од Кичево, кој ја демонстрираше својата иновација за зачувување на животната средина пред претседателот на државата Стево Пендаровски, е добитник на стипендија за студирање на престижниот Универзитетот Вандербилт во САД.

-Нашите млади таленти, одново и одново, ми докажуваат дека креативноста не знае за граници, како што беше потврдено од 18-годишниот Албин Алиу од Кичево кој со својот проект успеа да произведе хартија од алгите на Охридското Езеро, рече претседателот на државата Стево Пендаровски, по средбата со Албин кон крајот на минатата година во Кичево.

Тогаш Алби го презентираше пред Пендаровски хемискиот процес, кој придонесува за заштита на животната средина. Затоа што, како што вели Алби, наместо дрвјата, кои веќе се намалуваат секој ден, хартијата може да има корист и на овој начин.

Оваа иновација е веќе позната низ целиот свет, бидејќи Алби го претстави овој проект минатата година во Њујорк, каде му беше доделена третата награда.

По големиот успех во тоа време, како и полагањето меѓународни испити со многу високи резултати, како што се САТ, ТОЕФИЛ и други, Албин Алиу освои стипендија за студирање на инженерска хемија на Универзитетот во Вандербилт во САД.

Овој е еден од најпрестижните универзитети во САД, како и универзитетот со најголема банка за ДНК во светот.

На патот за подготовка за аплицирање на американските универзитети, тој беше поддржан од „Едукејшенуса“ и „Американ корнер“ во Република Северна Македонија. Ова достигнување на неколку студенти од државата, меѓу кои е и Албин Алиу, кое го објави и Американската амбасада во Скопје, вели со гордост за неговиот син, таткото Лулзим Алиу. рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево и топло уште ден-два, следува промена на времето

Тошковски: Државата е во многу лоша состојба околу справувањето со пожари

АХВ: Се повлекуваат од пазарот коцки за супа од Хрватска