Утрински Весник
Македонија

На 22 јуни квалификациско тестирање за упис во средните училишта

Конкурс за прием на средношколци во јавните ученички домови во 2020/2021

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број ученици со ист број поени од предвидениот во Конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2020/2021, ќе организираат квалификациско тестирање на 22 јуни со почеток во 10 часот.

– Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование, соопшти Министерството за образование и наука.

За учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили), пак, ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште.

– Конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година, соопшти МОН. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски