Утрински Весник
Спорт

Линиските судии на УС Опен ќе бидат заменети со електронски систем

Линиските судии на УС Опен ќе бидат заменети со електронски систем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Њујорк, 18 јуни 2020 (МИА) – Организаторите на УС Опен најавија голем број на иновации на турнирот. Неговата главна карактеристика ќе биде замена на вистински судии со електронскиот систем „HawkEye Live“, кој во фудбалот помага да се одреди пресекот на топката на гол линијата. Линиските судии ќе продолжат да работат во арените именувани по Артур Еш и Луис Армстронг.

Меѓу другите иновации воведени поради пандемијата на коронавирус, децата кои собираат топчиња ќе бидат заменети со возрасни, новинарите нема да имаат пристап до местата на турнирот, додека натпреварите ќе се одржат без квалификации.

Во сингл, 120 играчи ќе одат директно на главниот турнир, а уште осум учесници ќе добијат вајлд-карта. На учесниците со ниско рангирање кои нема да се квалификуваат на турнирот ќе им биде исплатен паричен надоместок.

Турнирот, како што беше планирано, ќе се одржи од 31 август до 13 септември без  навивачи. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата