Утрински Весник
Економија

Туристичките агенции јавно ќе го соопштат барањето за намалување на штетите од КОВИД-19

Туристичките агенции јавно ќе го соопштат барањето за намалување на штетите од КОВИД-19

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Туристичките агенции денеска пред Министерството за економија јавно ќе го презентираат барањето за намалување на штетите од КОВИД-19. Барањето, како што информираат, е веќе доставено до Министерство за економија и до Министерство за финансии, но одговор немаат се уште добиено.

Претставници на туристичките агенции на прес-конференција пред Министерството за економија ќе ја информираат јавноста, но и Владата за проблемите со кои се соочуваат изминативе четири месеци.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера, на прес-конференција, соопшти дека Владата предвидува посебна мерка за поддршка на туристичките агенции која би стартувала кон крајот на август или почетокот на септември. Бектеши не изнесе детали, но потенцира дека е целта е директна помош на агенциите во нивните напори да донесат што поголем број странски туристи. мч/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“