Утрински Весник
Спорт

Објавени деталите за новиот договор на Меси

Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи во базата на клубот

Барселона, 17 јуни 2020 (МИА) – „Мундо Депортиво“ ги објави деталите за предложениот нов договор на Лионел Меси со Барселона. Според новиот договор, Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“ до 2023 година, кога ќе има 36 години.

Тековниот договор на Меси е до 2021 година, а до неодамна имаше опција што му дозволуваше да го напушти каталонскиот клуб во текот на летото. Извори блиски до клубот за „ЕСПН“ изјавиле дека претседателот Пеп Марија Бартомеу не брзал да го затвори договорот, пред се поради ситуацијата со коронавирусот и фактот дека таткото на Меси, Хорхе, сè уште бил во Аргентина и не дозволува работите брзо да напредуваат.

Но, Бартомеу сака договорот да биде потпишан пред неговиот мандат да истече следниот јуни. Исто така, постои опција да му се понуди шанса да го продолжи договорот до 2022 година со опција играчот да активира уште една година за да остане во Барселона до 2023 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024