Утрински Весник
Спорт

Фернандеш: Погба е еден од најдобрите

Бруно Фернандеш: Сега доаѓа најтешкиот дел

Манчестер, 17 јуни 2020 (МИА) – Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш не може да почека да игра со Пол Погба во средниот ред на тимот.

„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ја зголемат својата низа без пораз од 11 последователни натпревари во дуелот со Тотенхем во петок, кога двата тима се соочуваат едни со други.

– Сите се возбудени што повторно го гледаат Погба во игра по долгиот третман на повредата. За мене да играм со него ќе биде нешто неверојатно. Нормално е секој да сака да биде негов соиграч. Тој е еден од најдобрите играчи. Јунајтед има само одлични играчи, но најважни се секогаш резултатите, рече Фернандес за „ТокСпорт“.

„Црвените ѓаволи“ се три бода зад четвртопласираниот Челси.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ