Лисабон, 17 јуни 2020 (МИА) – Европскиот фудбалски штаб ги објави промените во форматот на Лигата на шампионите оваа сезона. Како што се очекуваше, турнирот ќе заврши со „Ф8“, чии натпревари ќе се одржат во Лисабон.
Четвртфиналето и полуфиналето ќе се одлучат во еден натпревар, а финалето ќе се одржи на 23 август.
Целата последна фаза ќе се одвива во рок од 12 дена – помеѓу 12 и 23 август.
Останатите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 7-ми и 8-ми август, а сè уште не е решено дали ќе се одржат на клупските стадиони на екипите што ќе бидат домаќини, или ќе се одвиваат во Португалија. .
Стадионите на Бенфика, Спортинг и Порто ќе бидат домаќини на натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето. Доколку е потребно, Гимараеш ќе биде домаќин на натпреварите од осминафиналето.
Олимпискиот стадион во Истанбул, кој требаше да биде домаќин на финалето оваа сезона, во следното издание на турнирот ќе биде домаќин на мечот за трофејот.
До 3 август, сите национални здруженија мора да ги утврдат учесниците во Лигата на шампионите во следната кампања.
Еве ги датумите за натпреварите:
7-8 август – преостанатите натпревари од осминафиналето
12-15 август – четвртфинале
18-19 август – полуфинале
23 август – финале