Утрински Весник
Македонија

Работен состанок на министерот Чулев со британската амбасадорка Галовеј

Работен состанок на министерот Чулев со британската амбасадорка Галовеј

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска преку зум апликацијата оствари работен состанок со британската амбасадорка во нашата држава Рејчел Галовеј. Во фокусот на разговорот било справувањето со пандемијата од Ковид-19 и подготовката за парламентарните избори кои следат.

Во таа насока, соопштија од МВР, министерот Чулев ги потенцирал мерките и активностите кои ги преземаат полициските службеници за спроведување на одлуките донесени од страна на Владата, но и за обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

Чулев и Галовеј се согласиле дека парламентарните избори што следат треба да бидат фер и демократски и во таа насока неопходно е институциите да ги преземат сите мерки, но и протоколот кој ќе биде изготвен од нивна страна да кореспорендира со здравствената состојба во која се наоѓа државата, а истовремено и да гарантира заштита на здравјето на граѓаните.

Заеднички било заклучено, стои во соопштението, дека излезеноста на граѓаните на овие избори е важен фактор кој ќе ја гарантира нивната легитимност и легитимноста на владата што ќе треба да се формира по нивното завршување.

Министерот Чулев информирал дека Министерството за внатрешни работи веќе ги презема сите неопходни активности со кои ќе се гарантира безбедноста на избори, а во таа насока веќе е формиран оперативен штаб за нивно спроведување, а со кој раководи Директорот на Бирото за јавна безбедност.

Се разговарало и за прашањата поврзани со миграцијата, но и меѓусебната соработка кои двете страни ја имаат во изминатиот период на повеќе полиња, а на чие надоградување треба да се работи во периодот што следува. цр/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еден полициски и еден српски хеликоптер од утрово гаснат пожар кај Охрид

АФРИКАНСКИ АНТИЦИКЛОН НИ НОСИ МНОГУ ТОПЛИНА И СУШНО ВРЕМЕ И ОВАА СЕДМИЦА: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари во Македонија

Мицкоски ќе го пречека косовскиот премиер Курти