Утрински Весник
Македонија

Влада: Во инклузивен и транспарентен процес, 40 граѓански организации добија финансиска поддршка за проекти за КОВИД-19

Владата ќе бара од Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Во инклузивен и транспарентен процес Владата на Република Северна Македонија со одлука за распределба на финансиски средства обезбеди финансиска поддршка на здруженија и фондации за реализација на мерки за справување со КОВИД-19. На овој начин се доделија средства за реализација на 40 проекти на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари, соопштија денеска од Владата.

Комисијата за распределба на финансиските средства ја сочинуваат пет членови кои доаѓаат од Владата, односно Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (претседател), Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата за координација со економските ресори, Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.

Дополнително, со цел зголемување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на процесот на распределба, во составот на Комисијата се именувани и два члена на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, односно Уранија Пировска и Јане Чаловски, наведуваат од Владата.

-На овој начин, за првпат во Комисијата членови од граѓанскиот сектор имаа рамноправна улога и еднаква позиција во носењето на одлука за избор на проектите кои беа финансиски поддржани. Овие членови, беа избрани на предлог на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се посочува во соопштението.

Комисијата формираше Оперативно тело во кое членуваат претставници од институциите чии раководители се дел од Комисијата, кои се задолжени за оценување на апликациите.

-Имајќи го предвид големиот број на пристигнати апликации – 549, од една страна, и кратките рокови од друга, во секоја од овие институции беа ангажирани дополнително уште дваесеттина лица кои помагаа при оценувањето. Комисијата за распределба на финансиски средства, иако свесна за кратките рокови, сепак поради потребата да му се помогне на граѓанскиот сектор и да се поддржат проекти кои придонесуваат за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, одлучи да го објави повикот. Внимателно беа избрани областите во кои се изработени проектите, со цел да се помогне на најпогодените и ранливи категории на граѓани. Другата опција беше воопшто да не обезбедеше помош, обајснуваат од Владата.

Праксата на поддршка на работата на граѓанските организации, најавуваат од Владата, ќе продолжи и по завршување на пандемијата, во области кои се од важност за сите категории на граѓани. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа