Тетово, 17 јуни 2020 (МИА) – Прекин во водоснабдувањето во поголем дел од Тетово имаше денес поради изведување на работи на улицата на улицата Абдул Фрашери (поранешна Радован Цониќ), каде се санира долготрајното истекување на вода од подземната мрежа, соопштија од „Водовод и канализација“ работната единици при Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“.
-Активностите за отстранување на дефект во главната водоводна мрежа ф-400 во улица Абдул Фрашери и поради истекување на вода започнаа на 27 мај. Тогаш увидовме дека нема пукнатина на главната цевка туку дека има проширување на спојот на цевките. Во изминатите дваесетина дена чекавме специјални спојки за овие салонитни цевки кои се стари 40-тина години. Поради големината на цевката, од типот ф-400 беше потребно да се затвори поголем дел од водоводната мрежа се до завршување на работите, истакна раководителот на водотехничката лабораторија Љуљзим Шаќири.
Во моментот водоводната мрежа на градот Тетово има максимална обилност од своите извори од 500 литри вода во секунда.ас/ир