Утрински Весник
Македонија

Во тек пријавувањето за проектот „Креативноста на дело“

Во тек пријавувањето за проектот „Креативноста на дело“

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Институт за развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај млади и возрасни луѓе „Креативна Македонија“ – Скопје го организира проектот „Креативноста на дело“. Станува збор за летна школа која се состои од шест онлајн работилници (фимо, везење, плетење, цртање, срма и ќостек) водени од докажани занаетчии.

Промотивната кампања за проектот „Креативноста на дело“ е поддржана од  Град Скопје, а спонзори се Еснаф, PrimePoint Partners, Staedler.

– Ова е одлична можност  за активно и квалитетно искористување на слободното време, но и за стекнување нови заења и вештини со кои ќе можете да креирате ваш бренд, самовработување и можност за одржлив професионален ангажман, соопшти организаторот.

Работилниците ќе бидат онлајн и ќе се реализираат во јули годинава, а крајниот рок за пријавување е 30 јуни. Сите заитересирани можат да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/EKYD32oHDhK6NWii7  Настанот може да следи на следи на овој линк: https://www.facebook.com/events/264749434606417/ мд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски