Утрински Весник
Македонија

Јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование

Конкурс за прием на средношколци во јавните ученички домови во 2020/2021
Dik 300x250 mk

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието почнуваат процес на јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование. Целта е, како што објави МОН, квалитетна подготовка на овој стратешки документ кој треба да обезбеди дополнителен придонес кон развојот на националниот образовен систем. 
На својата веб-страница (www.mon.gov.mk) МОН го објави линкот до нацрт-верзијата на Концепцијата за инклузивно образование, чие креирање е дефинирано во новиот Закон за основно образование од 2018 година.
-Сите засегнати и заинтересирани чинители кои ценат дека можат да дадат придонес во подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, своите предлози, сугестии и забелешки може да ги пратат на електронската адреса: snezanatrpevska@bro.gov.mk, најдоцна до 25 јуни 2020, информира Министерството за образование и наука. хс/скс/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обележани 80 години од основањето на Обединетите нации – потврдена посветеноста на мултилатерализмот и глобалниот мир

Во Охрид деновиве зачестиле измамите со лажни сообраќајки, полицијата со апел до граѓаните

Во четири општини Владата ќе назначи повереници додека не се изберат нови градоначалници