Утрински Весник
Македонија

Прва авионска дезинсекција против комарци во Куманово за годинава

Прва авионска дезинсекција против комарци во Куманово за годинава

Куманово, 17 јуни 2020 (МИА) – Во Куманово в сабота на 20 јуни ќе се изврши прво авионско запрашување против комарци, информираа денеска од општината.

Доколку временските услови не се поволни, тогаш авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе се подобрат. Општината ги известува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

Од одделението за јавни набавки од општината, информираат дека договорот за авионско третирање на територијата на општина Куманово е склучен на 8 јуни годинава, со избрана фирма на јавна набавка „Бониер“ Куманово, за што од општинскиот буџет одвоени се 1.416.000 денари.

Освен оваа авиодезинсекција, предвидени се два дополнителни третмани кои ќе се спроведат во јули и август и ќе опфатат површина од по илјада хектари. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда