Утрински Весник
Македонија

Од петок во функција сезонските автобуски линии 58 и 69

Јавниот превоз во Скопје нема да функционира од недела во 11 до вторник во 5 часот

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Од петок, 19 јуни, почнуваат да функционираат сезонските линии 58 (Транспортен центар – Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар – Дивље, Катлановско блаце, Кожле).

Како што соопшти ЈСП, термини за поаѓање и враќање во петок и сабота на линијата 58 се: Транспортен центар – Јаболци во 6:15 и 16:30 часот, Јаболци – Транспортен центар во 7:20 и 17:30 часот. Во недела: Транспортен центар – Јаболци 6:15 и 16:30 часот и Јаболци – Транспортен центар во 7:10 и 17:30 часот.

Линијата 69 во петок и недела: Транспортен центар – Дивље во 5:45 и 15:30 часот, Дивље – Транспортен центар во 6:50 и 16:35, Транспортен центар – Блаце и Кожле во 17:40 часот, Блаце и Кожле – Транспортен центар во 18:45 часот. В сабота термините се Транспортен центар – Дивле во 5:45 и во 15:30 часот, Дивље – Транспортен центар во 6:50 и 16:35 часот, Транспортен центар – Блаце и Кожле во 7:55 часот и Блаце и Кожле – Транспортен центар во 9 часот. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините