Утрински Весник
Македонија

Почна акцијата за плаќање заостанати сметки за вода на рати без камата

Почна акцијата за плаќање заостанати сметки за вода на рати без камата

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Акцијата што ја спроведува јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје за исплата на заостанатите долгови на рати без камата за задоцнето плаќање почна денеска и процесот се одвива непречено, информираат од претпријатието.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од денеска до 31-ви наредниот месец. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

– Во просториите на претпријатието, процесот се одвива непречено и притоа се почитуваат сите протоколи за влез, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита, соопштија од „Водовод и канализација“-Скопје.

Со цел заштита на корисниците и вработените, во претпријатието секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево и топло уште ден-два, следува промена на времето

Тошковски: Државата е во многу лоша состојба околу справувањето со пожари

АХВ: Се повлекуваат од пазарот коцки за супа од Хрватска