Утрински Весник
Македонија

Кинеската Амбасада донира 300 прехранбени пакети во Кичево, Битола и Ресен

Кинеската Амбасада донира 300 прехранбени пакети во Кичево, Битола и Ресен

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Со финансиска поддршка од Народна Република Кина денеска ќе бидат поделени околу 300 прехранбени пакети во општините Кичево, Битола и Ресен.

Станува збор за донација од Амбасадата на НР Кина наменета за лица од социјално загрозена категорија на граѓани од овие општини, погодени од пандемијата Ковид – 19, информираат од кабинетот на министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, Музафер Бајрам.

Како што е наведено во соопштението, министерот Бајрам денеска остварил работна средба со амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуо, на која било дискутирано за проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница, а воедно биле презентирани и идните активности во чии рамки можна е поддршка од оваа пријателска земја. дма/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: До крајот на денов сончево и топло, за викенд нестабилно со пороен дожд и грмежи

Ни куќа ни стан, овој министер пријавил само еден џип и скапи часовници

“Трчав низ оган за да преживеам“ – храброто искуство на пожарникарот Александар Тодорчевски