Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение од СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеаја да го закочат напредокот

СДСМ: Третиот пакет економски мерки ќе ја зголеми приватната потрошувачка и ќе стимулира раст и промоција на домашните производи и услуги

 

Скопје, 17 јуни 2020

Лидерството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев го овозможи потпишувањето на Преспанскиот Договор со Грција, донесе државничка и храбра одлука во интерес на државата и сите нејзини граѓани.

Денеска, Северна Македонија е членка на НАТО и има одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Од „заробена држава“ станавме светол пример во регионот.

Од друга страна Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ со полна пареа работеа против овој Договор, на штета на граѓаните и правеа се да го спречат напредокот и интегративниот процес.

Лицемерните, но и деструктивни политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ одеа до таму што свесно манипулираа со граѓаните ширејќи им паника преку лажни информации и конструкции.

Мицкоски и фејк њуз партијата ВМРО ДПМНЕ, силно го критикуваа Договорот од Преспа, не го признаваа уставното име на државата, додека во исто време нивните пратеници примаа плати од Собрание на Република Северна Македонија.

Однесувајќи се крајно неодговорно кон граѓаните и државата, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски отидоа дотаму што се закануваа дека ќе го поништат Договорот од Преспа. Со што се ставија на страната на оние кои го загрозуваа членство во НАТО , напредокот на државата кон ЕУ, но и доброседските односи.

Освен Договорот од Преспа којшто на државата и го обезбеди членството во НАТО и и ги отвори без задршка вратите на ЕУ, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, ги ризикуваа и добрите односи со Бугарија, критикувајќи го Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Ова класично лицемерно однесување на неодговорниот Мицкоски беше демаскирано, кога седејќи на иста маса со претседателот на Бугарија, Бојко Борисов,  шефот на ВМРО ДПМНЕ му кажа дека го „покрепа„ Договорот со Бугарија.

Времето на успешна реализација на штетните политики на ВМРО ДПМНЕ заврши на денот кога Никола Груевски ја напушти “Илинденска” бб, а државата се ослободи од стегите на режимот.

Не им успеаа нивните деструктивни обиди за блокирање и кочење на напредокот на државата, нема ниту сега да им успеат обидите за враќање на државата назад во времињата на изолација и поделби.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт