Утрински Весник
Македонија

Дел од руралните и урбаните средини на Скопје, утре ќе останат без електрична енергија

Дел од руралните и урбаните средини на Скопје, утре ќе останат без електрична енергија

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на  18 јуни ( четврток ), без електрична енергија ќе останат дел од околните села на Скопје и дел од улиците во урбаните општини на градот, информираат од ЕВН.

Екипите на ЕВН во Општина Карпош утре заради технички зафат електричната енергија за ќе ја прекинат во улицата Партизаски Одреди, бр.149, зграда бр.4. Од таму инфомираат дека техничкиот зафат ќе трае два часа, односно од 12.00 до 14.00 часот.

– Од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Пресека од бр. 1 до бр. 45, ул. Владимир Каваев од бр. 1 до бр. 49, ул. Извор, ул. Бабуна, ул. Сливовска, ул. Клепа, се другите делови од Општина Карпош, каде ЕВН утре ќе интервенира.

Истовремено технички зафат екипите на ЕВН ќе вршат во руралните општини на град Скопје, како што се Општина Петровец, Зелениково и Општина Студеничани.

– Од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од с. Долно Коњари (потрошувачите пред и после мостотот на реката Пчиња) во Општина Петровец. Од 08.15 до 15.30 часот, корисниците од цела општина Зелениково, селата Градовци, Гумалево, Тисовица, Добрино, Дејковец, Ново Село, Пакошево и Станица Зелениково и околината, во Општина Зелениково. И од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од с.Варвара ( опш. Студеничани), соопштија од ЕВН. оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ