Утрински Весник
Македонија

Шекеринска на министерски состанок на НАТО преку видео-конференциска врска

Шекеринска на министерски состанок на НАТО преку видео-конференциска врска

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на Алијансата, кој заради глобалната пандемија, вторпат се одржува преку видео-конференциска врска.

Министрите за одбрана на 30 земји – членки на НАТО, како што соопштуваат од Министерството за одбрана, ќе разговараат за активностите на Алијансата во намалување на последиците од пандемијата на корона – вирусот, како и подготовките за можниот втор бран на КОВИД – 19.

-Алијансата имаше клучна улога во помош на земјите – членки во оваа здравствена криза, а пример за тоа е реализацијата на над 350 летови кои пренесоа стотици тони критична опрема низ целиот свет, додека над 100 полски болници на Алијансата беа поставени за прием и медицинска грижа на заболените граѓани. Таква болница во почетокот на пандемијата беше подигната и во нашата земја, стои во соопштението.

Министерката Шекеринска и колегите од сојузничките земји ќе разговараат и за активностите на Алијансата во одржувањето на безбедноста и стабилноста во евроатлантската област, како и мисиите и операциите на НАТО во Авганистан и Ирак.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зајкова: Наместо професионализација на високата раководна служба, добивме регулирана владина “департизација”

Кривична пријава против екс градоначалник на Дебрца за „несовесно работење во службата“

Амбасадорката Дрекслер го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово – пример за современа германска инвестиција и одржлив развој