Утрински Весник
Македонија

Без струја делови од Кисела Вода и Центар

Дел од Визбегово утре без струја

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Центар.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без струја од 08.30 до 12.30 часот ќе бидат објектите на бул. „Борис Трајковски“, лоцирани пред каналот Усје, како и објектите лоцирани пред и зад станицата за технички преглед ПСС во општината Кисела Вода. Во периодот од 08.30 до 13.30 часот, без струја ќе бидат објектите во рамки на поранешна Стаклара, како и објектите во нејзина близина на кои напојувањето со електрична енергија им е од поранешна Стаклара во општината Кисела Вода

Во периодот од 10 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Кукушка“ во општината Центар. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?