Утрински Весник
Македонија

Спасовски: 15 јули е ден за гласање, за одлуки и за спас на државата од кризата

Спасовски: Корона-кризата покажа дека институциите на системот функционираат добро

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Изборите се за спас на државата. Ни треба активно Собрание – домот на демократијата, домот на народните претставници мора да биде активен. Ни треба целосно функционална политичка влада, напиша на својот ФБ профил премиерот Оливер Спасовски.

Тој посочува дека 15 јули е ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме.

– Петнаесетти јули е ден на кој граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција. На 15 јули ќе победат политиките на СДСМ, нагласува Спасовски. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“