Скопје, 16 јуни 2020
Пандемијата ја извади на виделина „Дигитализација” на Манчевски. Колку звучи несериозно па макар било и од Дамјан Манчевски, после цели 3 месеци да најавува нови протоколи во институции и дигитализација на истите. Вработените и граѓаните се незаштитени, а институциите се новите кластери на Ковид-19. Почитување на Законот за безбедност и здравје при работа и воведување на протоколи беа потребни и во месец март како што се потребни и денес.
Одговорноста е кај функционерите на СДС кои како што имаат права имаат и обврски! Дамјан Манчевски се изгуби во времето и освен да инсистира на казнување на граѓаните, нека почне со казнување на своите сопартијци кои се највиновни за неспроведување на законот, протоколите и мерките за заштита на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор!
Дигитализацијата на Манчевски, може да ја видите чекајќи со саати пред Центрите за социјална работа, АВРМ, ФПИОМ, УЈП, ФЗО, Матична евиденција, Катастар и други институции.
Мерките кои требаше да помогнат во справување со пандемијата, ги искористивте за поткуп и свесно изложување на граѓаните во непотребен ризик пред институции. Со часови да чекаат и молат за милост на вашата “дигитализација” истата таа која мачната реалноста и секојдневие ја демантираше.
Одговорност ќе има за непочитување на законите и за свесно загрозување на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор така и за граѓаните кои 3 месеци чекаат милост од државата и три години ја чекаат дигитализација на Манчевски.
Кабинет на дополнителен заменик министер, Невенка Стаменковска Стојковски
__________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.