Утрински Весник
Македонија

Неносењето заштитни маски причина за ширење на вирусот меѓу работничките во новата штипска конфекција

Неносењето заштитни маски причина за ширење на вирусот меѓу работничките во новата штипска конфекција

Штип, 16 јуни 2020 (МИА) – Непочитување на мерките за заштита е причина за ширење на коронавирусот во новата осма по ред штипска конфекција, каде што во изминатите два дена се регистрирани три позитивни, a десетина работници сеставени во изолација покажа денешниот увид од епидемиологот од Центарот за јавно здравје – Штип.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според увидот причина за ширење на вирусот е неносење на заштитни маски од страна на работниците, како и нивно групирање за време на паузите, а притоа неносејќи заштитна опрема и не држеле дистанца од два метра.

Штип денеска го нема во здравствениот билтен, па останува со 202 активни случаи на КОВИД-19. Епидемиолозите дневно на повеќе пунктови земаат по 50 брисеви, а се уште очекуваат резултати за стотина брисеви, помеѓу кои се и и контролните за 53 текстилни работници од првата конфекција што беше затворена на крајот од мај. вдј/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седум возачи уапсени – возеле без положен возачки испит, под дејство на алкохол и со активна забрана за управување

ТХП прослави 27 години постоење

По премиерата на новиот филм на Манчевски во Токио, фановите чекаа цел час за автограми