Утрински Весник
Македонија

Седница на ДИК за ревидираниот Роковник и организација на изборите

Седница на ДИК за ревидираниот Роковник и организација на изборите

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Државната изборна комисија попладнево ќе одржи јавна седница на која ќе се расправа за активностите поврзани со спроведувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Според владината уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието, ДИК треба да продолжи со организација на изборниот процес, да го подготви и објави ревидираниот Роковник.

По распишувањето на изборите на 15 јули, ДИК треба да преземе и сите останати технички и административни активности за подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик и владината уредба. са/сп/

МИА ќе врши стриминг од седницата на ДИК преку својата фејсбук страница: https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/?ref=bookmarks   

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?