Утрински Весник
Македонија

Дванаесет шишиња вино симболично подарени во спомен на годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци

Дванаесет шишиња вино симболично подарени во спомен на годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци

Кавадарци, 16 јуни 2020 (МИА) – Дванаесет шишиња вино денеска симболично беа подарени во месноста Моклиште, во спомен на 77 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци. На вината беа прикачени и стиховите од песната „Цветови“ на Славко Јаневски, посветена исто така на хероите од кавадаречкото село Ваташа.

-Виното отсекогаш се произведувало на овие простори. Ние сме сопственици на семејната винарија „Параџик“ која е во фаза на регистрација. На овој начин сакавме симболично да го одбележиме овој ден од историјата на Тиквешијата. Да не се заборави жртвата на ваташките младинци и такви злосторства да не се повторуваат во иднина, за МИА изјави ваташанецот Блаже Стојановски. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона