Утрински Весник
Македонија

Во Битола одбележан Денот на македонската адвокатура

Во Битола одбележан Денот на македонската адвокатура

Битола, 16 јуни 2020 (МИА) – Со полагање цвеќе пред бистите на македонските народни херои Коле Канински и Јосиф Христовски-Ѕвончаро кои се наоѓаат пред зградата на Апелацискиот Суд во Битола, адвокатската заедница од овој град го одбележа 16 јуни Ден на македонската адвокатура.

Како што е познато, актот кој го означува втемелувањето на македонската адвокатура е донесен на 16 јуни 1945 година од страна на Министерскиот совет при АСНОМ, и тој ден се смета за Ден на македонската адвокатура.

– Продолжуваме со востановената традиција, поклонувајќи се пред бистите на првоборци, пред нивната жртва да го дадат својот живот за нашата слобода, а нивните идеали да ги реализираме во слободна држава каде ќе се применува законот. Но, и во оваа прилика оддаваме почит кон сите што вршеле адвокатска дејност, доајените на битолската и македонската адвокатура, рече меѓудругото адвокатот Никола Главинче на јавен настан во Битола.

Бистите на народните херои и адвокатски приправници Јосиф Христовски-Ѕвночаро и Коле Канински, донација на адвокатската комора, во Битола се поставени во 1981 година од кога и датира традицијата на полагање цвеќе по повод 16 јуни денот на македонската адвокатура. мт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фасцинантната змија-рибарка од Голем Град „доаѓа“ утре пред скопската публика во Кинотека

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид

„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”