Утрински Весник
Македонија

До крајот на неделата променливо време со дожд и ветер попладне

Променливо врме со дожд, грмежи и ветер до петок

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Променливо облачно време со локална нестабилност во попладневните часови ќе преовладува до крајот на неделава. Преодно стабилизирање ќе има в петок, а в сабота повторно услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат високи и ќе се движат од 23 до 33 степени. В петок се очекува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, но дневната температура ќе се искачи до 33-тиот степен.

И за денеска попладне, според УХРМ, ќе биде на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје доцна попладне се очекува локален дожд и засилен ветер. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Во израелската агресија врз Либан гинат мировници на ОН – молкот на македонската Влада е соучесништво

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра