Утрински Весник
Спорт

За Ремзи се заинтересирани Тотенхем, Челси и Манчестер јунајтед

Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба

Рим, 16 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи може да се врати во Англија, пренесува „TuttoJuve.com“.

Според италијанскиот портал, за 29-годишниот Велшанец се заинтересирани Тотенхем, Челзи и Манчестер јунајтед. Сепак, самиот играч сака да остане во Италија.

Ремзи му се придружи на Јувентус летото 2019 година како слободен агент. Во сезоната 2019/20, тој настапи на 24 натпревари, има четири гола и една асистенција.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на фудбалерот на 28 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП