Скопје, 15 јуни 2020
Барање за поништување на одлуката за доделување на финансии за поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19 и назначување на нова комисија која ќе одлучува повторно на соодветен начин.
БАРАЊЕ – Образложение
Согласно Оддржаната Седница на Владата и донесената Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19, а врз основа на член 49 од Законот за здруженија и фондации укажуваме дека не се запазени критериумите и постапките за распределба на средствата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за мерки за справување со КОВИД-10 кризата.
На ова надополнето согласно објавената листа на организации кои треба да добијат финансиски средства можеме да констатираме дека не е запазен критериумот средствата да бидат наменети во градови и места каде кризата со КОВИД-19 е позастапена и проблемот е горлив, а средствата се наменети во места каде не постојат случаи на заразени со КОВИД-19.
Не постои рамномерна регионална распределба на финансиите, туку постои концентрација само во неколку општини.
Дел од активностите и предложените проекти не соодвествуваат со тематиката на конкурсот за справување со кризата.
Како најбитно не веруваме дека за 549 пристигнати апликации (од кои секоја по 10тина страници најмалку) е посветено соодветно време и стручна одлука имајќи во предвид дека конкурсот беше објавен на 6ти јуни, а траеше до 11-ти јуни до 12 часот. Владата 7те членовите на комисијата за оценување ги номинира на 13ти Јуни, а одлуката за доделување на финансиите е веќе објавена на 15-ти јуни.
Ако претпоставиме дека за секоја пристигната апликација секој оценувач одвоил барем 30 минути да ја прочита истата, разгледува соодветно и оцени, за 549 пристигнати апликации би му биле биле потребни вкупно 275 часа или во најмала рака 10тина дена ако во меѓувреме членот на комисијата ниту јадел ниту спиел, а не само ден или два.
Со тоа веруваме дека пристигнатите апликации се само паушално разгледувани што не е ниту стручно ниту може да даде соодветно одлучување и компатибилност, имајќи во предвид дека низа други фондови за многу помали суми одвојуваат далеку повеќе време за одлука и далеку поголема посветеност за суштината на проектите.
Со тоа повикуваме Одлуката да биде поништена, да биде назначена нова комисија за оценување и на доставените проекти да се посвети соодветно време за разгледување и алокација на средствата кон вистински проекти кои ќе допринесат за справување со пандемијата.
Веруваме дека овој пропуст може да се корегира со поништување на одлуката, зашто веруваме дека Вашите заложби се за поддршка на граѓанскиот сектор без никакво фаворизирање, но со стручно и соодветно одлучување.
Фондација Импакт Нет – претседател Стевче Дечев
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.