Утрински Весник
Македонија

Еко Герила го осудува насилството врз активистот на Движењето против коцкање од Тетово

Еко Герила го осудува насилството врз активистот на Движењето против коцкање од Тетово

Тетово, 15 јуни 2020 (МИА) – Движењето „Еко герила“ остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист и член на Движењето против коцкање што се случи на 12 јуни 2020 година во Тетово.

-Цениме дека казината и другите објекти за коцкање се морално и етичко загадување на околината во која живееме и дека необврзувањето на надлежните да дадат решение за овој проблем за кој граѓаните на Тетово неколкупати протестираа, создаде  соодветна средина за напаѓање врз активисти, велат од Еко Герила.

Како што соопштија денеска, бараат од институциите да реагираат. Непостапувањето, наведуваат, ќе значи провокација за граѓаните.

-Го повикуваме Јавното обвинителство да го гони сторителот според законот и да ја преземе заслужената казна за штетите направени на членот на Движењето против коцкање. Бидејќи оваа влада се покажа како толерантна кон мафијата за перење пари преку казината, новата влада мора да преземе конкретни и важни чекори за да ги отстрани објектите  за коцкање што е можно подалеку од населените места. Веруваме дека граѓанската свест демонстрирана на протестите против овој феномен не треба да се провоцираа за да не стане модел на насилни протести, како во Америка. Како да не беше доволно да ги провоцирате граѓаните по повод Југохром и сега да продолжите со казината. На трпеливоста и доаѓа крајот, потенцираат од Еко Герила. ас/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски