Утрински Весник
Македонија

Филипче: Се соочуваме со силен бран на епидемијата, охрабрува високиот процент на асимптоматски и пациенти со лесна клиничка слика

Почнува олабавувањето на рестриктивните мерки, состојбата со коронавирусот во земјава стабилна

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Факт е дека се соочуваме со силен бран на епидемијата. Тоа што охрабрува е дека има висок процент на асимптоматски и пациенти со лесна клиничка слика кои се наоѓаат на домашно лекување. Во моментот се хоспитализирани 14 отсто, 86 отсто се практично во домашни услови, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на капацитетите на болниците, посочи, кревети слободни и опрема има, дел од медицинскиот персонал е во изолација, а еден одреден дел кој е навистина примарен го надополнуваме со ротација.

– Тоа се лекари и медицински сестри кои без ниту еден ден одмор интензивно работат со овие пациенти изминатите четири месеци и изложени на ризик и во смисла на тоа многу е битно да се сфати сериозноста на оваа состојба и сите оние кои не се однесуваат, да почнат да се однесуваат одговорно заради спречување на ширењето, рече Филипче.

Додаде дека е прекината редовната програма на хронични интервенции, се извршуваат само итни и неопходни со примена на сите заштитни мерки на пациентите и медицинските лица. рп/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила