Манчестер, 15јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш е очаен да се приклучи на Манчестер Јунајтед ова лето и одлучи да го напушти тимот од Бирмингем без разлика дали ќе избегне испаѓање од Премиер лигата.
Грилиш се појавува како една од главните цели на Јунајтед пред летниот преоден рок. 24-годишниот Англичанец има 176 настапи за својот матичен клуб од пробивањето во првиот тим во 2012 година, помагајќи му на тимот да ја освои промоцијата минатата сезона. Сепак, клубот во моментов е на 19-то место на табелата, два бода од спасувачката зона пред рестартирањето во Премиер лигата.
Главниот извршен директор на „црвените ѓаволи“ Ед Вудворд, во моментов, планира разговори со Астон Вила за договор од 75 милиони фунти. На Грилиш ќе му биде понуден договор вреден околу 150 000 фунти неделно на „Олд Трафорд“.
За Вудвард се вели дека гледа во Грилиш идна sвезда на „црвените ѓаволи“.