Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово ќе продолжи со организираниот јавен превоз поради укинување на вонредната состојба

Општина Тетово ќе продолжи со организираниот јавен превоз поради укинување на вонредната состојба
Dik 300x250 mk

Тетово, 15 јуни 2020  (МИА) -Тетовската градоначалничка Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб информираше дека сега може да продолжи јавниот превоз кој беше забранет уште на 21 април како начин на спречување на ширење на Ковид-19.  Таа како основа на можноста го посочи укинувањето на вонредната состојба и затоа, како што рече, престанува да важи таа забрана.

-Во врска со забраната за организиран меѓуградски транспорт во општина Тетово и околните општини, би сакале да ја известиме јавноста дека ние како Општински кризен штаб оценивме дека забраната што беше донесена на почетокот на вонредната состојба, сега со завршувањето на вонредната состојба нема правна сила и меѓуградскиот организиран транспорт може да продолжи со строго почитување на заштитните протоколи од страна на превозниците, изјави Арифи.

Таа посочи дека одлуката е донесена со претходна проверка и анализа на сите правни елементи. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

“Онкологија1”: Трите сведоци на денешното судење застанаа во одбрана на Васев – се откажаа од прогон

Кај синот пронајдена марихуана, кај таткото пиштол без документација – уапсени двајца тетовци

Притвор за 6 лица и мерки претпазливост за 15-тина приведени за случајот со Прилепската болница, бара обвинителството