Утрински Весник
Македонија

Во битолските средни училишта во прва година може да се запишат 1.895 ученици

Во битолските средни училишта во прва година може да се запишат 1.895 ученици

Битола, 15 јуни 2020 (МИА) – Битолските средни училишта се подготвени и со утврдени протоколи за прием на документите и упис на ученици во прва година.

Во новата учебна година во средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“ може да се запишат 204 ученици, а во средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ може да се запишат 365 ученици, односно за машинска струка 170 ученици и за електротехничка струка 195 ученици.

Најмногу слободни места има за упис во средното општинско училиште „Таки Даскало“ каде во прва година може да се запишат 646 ученици во 19 паралелки. Според наставните планови и програми во СОУ „Таки Даскало“ понудени се гимназиско образование, геолошко-рударска и металуршка струка, градежно-геодетска струка, сообраќајна, графичка и текстило-кожарска струка, како и угостителско-туристичка струка.

Во средното економско и средното земјоделско училиште во Битола ќе може да се запишат по 170 ученици, додека во средното медицинско училиште „д-р Јован Калаузи“ годинава има можност да се запишат 306 ученици, во 9 паралелки.

Од утре, во наредните четири денови упис според утврдените протоколи ќе се врши и во државното средно музичко училиште каде може да се запишат 34 ученици, а од Општина Битола соопштуваат дека сите подносители треба да приложат комплетна документација со претходно пополнета пријава за упис со цел да не се создава поголемо собирање на апликантите пред средните училишта во овој град, но и да се користи заштитна опрема, маски и ракавици, физичка дистанца и целосно почитување на насоките од присутните редари.мт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим