Утрински Весник
Спорт

Покетино за својата иднина: Ова е прашање од милион долари

Покетино задоволен од високата победа над Црвена ѕвезда

Лондон, 14 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека сè уште не знае каде ќе работи во иднина.

– Ова е прашање од милион долари и секој ден го прашувам мојот асистент (се смее): кога ќе се вратиме, кој клуб? Големиот Хорхе Грифа рече кога имав 16 или 17 години:

„Маурисио, фудбалот ќе те одведе таму каде што сака, а не таму каде што ти сакаш. Имај доверба и стори сè што е потребно за да се исполни подготвената одлука што ќе ја донесе фудбалот“.

Мислам дека најважно е да се биде подготвен и отворен до моментот кога фудбалот ќе одлучи каде да ме упати, додаде Покетино. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид