Утрински Весник
Македонија

Во Дебар пет новозразени со Ковид-19, активни на болеста 10 лица

Во Дебар пет новозразени со Ковид-19, активни на болеста 10 лица

Дебар,14 јуни 2020 (МИА) – Во Дебар официјлани податоци потврдуваат дека во последното деноноќие се регистрирани пет нови случи на ковид-19, сите жители на градот.

Вкупната бројка на заразени до сега изнесува 61 лице, од нив две од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка 47 се излекувани, четворица починаа, активни на болеста се 10 лица.

По цели педесет дена од последно излекуваниот пациент коронавирусот во Дебар се врати на 5 мај, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар.

Три нови случаи беа потврдени на 12 јуни, кога соопштувајќи ги податоците градоначалникот Хекуран Дука, искажа разочарување од своите сограѓани кои недоволно ги почитуваат мерките за заштита.

-Поради непочитувањето на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на спорадични случаи со Ковид-19, оцени Дука.

Во Општина Дебар, според полициската статистика во самоизолација моментно се 47 лица и врз сите нив во изминатото деноноќие биле извршени кинтроли. вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во новиот трговски центар во Битола

САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија добие стабилна влада

Кујтим Ибиши на чело на дирекцијата за финансиско разузнавање, „Вреди“ најавува бескомпромисна борба против корупцијата