Утрински Весник
Македонија

Вработен позитивен на Ковид-19 ја затвори Општина Струга

Вработен позитивен на Ковид-19 ја затвори Општина Струга

Струга, 14 јуни 2020 (МИА) – Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик.

После консултации остварени со наделжните институции од Општината е упатен повик до вработените во администрациајта да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари.

-Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на пандемијата, се наведува во соопштението од Општина Струга.

Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инифцирани. Инаку, лицето позитивно на Ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика.аб/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани