Утрински Весник
Македонија

Седум медицински лица од Кочани ќе помагаат на Инфективната клиника во Скопје

Седум медицински лица од Кочани ќе помагаат на Инфективната клиника во Скопје
Dik 300x250 mk

Кочани, 14 јуни 2020 (МИА) – Седум медицински сестри и техничари од Општата болница со проширена дејност во Кочани од утре ќе бидат работно ангажирани на Инфективната клиника во Скопје.

Прераспределбата на новите работни места е привремена и се реализира по барање од Министерството за здравство, поради недостатокот од медицински кадар на Клиниката. Здравствените работници од Кочани ќе им помагаат на своите колеги во лекувањето на пациентите заболени од Ковид-19 кои се хоспитализирани во Скопје.

-Постапуваме според претходно утврдени упатства од Министерството за здравство и овој одлив на кадар нема да влијае на нормалното функционирање на нашата болница. Располагаме со доволен лекарски и друг медицински персонал, поради што позитивно одговоривме на барањето на ресорното Министерство, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница со проширена дејност.

Здравствените работници од кочанската Општа болница на Инфективната клиника во Скопје ќе работат во следните две недели, а им се придружуваат и нивни колеги од болниците во Велес, Кавадарци и Кичево.та/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава

Излезноста до 9 часот е 2,88%