Утрински Весник
Македонија

Антикорупциска објави повик за пријавување набљудувачи на изборната кампања за изборите

Антикорупциска поведе прекршочна постапка за десет поранешни специјални обвинители

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на Законот за спречување корупција и судир на интереси, објави повик за пријавување набљудувачи на изборната кампања на учесниците во Предвремените парламетнарни избори 2020 година.

Во јавниот повик ДКСК наведува дека заради ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Парламентарни избори има потреба од ангажирање 20 набљудувачи и тоа за изборна единица 1 – пет лица од кои двајца со познавање  албански јазик, за изборна единица 2 – три лица од кои еден со познавање албански јазик, за изборните единици 3 и 4 – четири лица и за изборните единици 5 и 6 – осум лица од кои четири со познавање албански јазик.

Според повикот заинтересираните кандидати не треба да се членови на политичка партија, во периодот на изборната кампања да не се работно ангажирани, да имаат на располагање моторно возило и да поседуваат возачка дозвола Б категорија, како и да имаат основни познавања за облиците на промоција на политичките партии и водењето на изборните кампањи, кандидатот треба да е жител во населеното место во изборната единица за која се пријавува и да располага со мобилен телефон за фотографирање и интернет конекција.

Пријавувањето е преку е-маил  izbori2020@dksk.org.mk најдоцна до 16 јуни 2020 година.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Се постапува по случаи со дивоградби – резултатите ќе бидат видливи наскоро

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани