Утрински Весник
Македонија

Демант на министерот Чулев на соопштението на СДСМ за унапредување на сопругата на Чавков

Чулев: Изјавата на Ангеловска е доказ за негрижата за вработените во МВР

Скопје, 13 јуни 2020

Уште една лага, односно лажна вест креирана од страна на структурите на СДСМ. Но и случај кој уште еднаш го потврдува незаконското работење на Оливер Спасовски во изминатиот период.

Можеби исправањето на неправдите од минатото на некого му пречи, но јас и понатаму ќе бидам на страна на вработените и ќе постапувам исклучиво во согласност со законите.
Ја информирам јавноста дека конкретното распоредување е направено врз основа на извештај од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кој е изготвен врз основа на претставка поднесена од посочено лице, во кој се констатира дека истото подолг временски период е распоредено на работно место кое е во спротивност со законот. Во извештајот е констатирано дека со цел избегнување на дополнителни трошоци на товар на МВР по основ на тужба, одделот смета дека од страна на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси при БЈБ треба да изврши ревизија на распоредувањето и Јасмина Чавкова да биде распоредена согласно позитивните законски прописи на важност во МВР.
Напоменувам, дека кога станува збор за постапување по однос на задолжителни мерки утврдени во извештајот Одделот за внатрешна контрола, Министерот има обврска да постапи и да ги отстрани констатираните неправилности, а во конкретниот случај станува збор за распоредување кое не е во согласност со степенот на образование.
Наќе Чулев, министер за внатрешни работи

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Уште една лага, односно лажна вест креирана од страна на структурите на СДСМ. Но и случај кој уште еднаш го потврдува…

Posted by Наќе Чулев on Сабота, 13 јуни 2020



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути