Утрински Весник
Македонија

Реакција на техничката министерка Невенка Стаменковска Стојковски во врска со најавата на десетици административци дека ќе ги напуштат избирачките одбори

➡

Скопје, 13 јуни 2020
Со Владата на СДСМ, административците имаат причина да бидат загрижени за сопственото здравје.
Почитувани,
кога десетици административци најавуваат напуштање на избирачките одбори поради страв од Ковид-19, тогаш тоа треба да биде сигнал дека политиките на Владата одат во многу погрешен правец⬅
Одговорни политичари ваквата информација ќе ја разберат сериозно и ќе се обидат да се корегираат, но за жал станува се’ повеќе јасно дека такви политичари не може да се најдат во редовите на СДСМ.
🗳Наместо функционерите на СДСМ да водат сметка за приоритетите на државата и за здравјето и потребите на граѓаните, очигледно е дека нивна единствена преокупација е да слугуваат на потребата на Зоран Заев да се спаси од изборен дебакал и за да го сторат тоа се спремни да го жртвуваат здравјето на вработените во јавниот сектор кои се членови на избирачките одбори🆘Тоа веќе сите го гледаат, а најавата на вработени во јавниот сектор дека ќе ги напуштат избирачките одбори е само дополнителна потврда на истото.
⚖Со ваква Влада и со вакви политики, административците се целосно во право да бидат загрижени затоа што знаат со каква политичка матрица се соочуваат‼
🎲Вработените во јавниот сектор ја немаат заборавено изјавата на Зоран Заев дека за да остварел политичка потреба „одел на се’ или ништо“, односно „одел All-in“ како што јавно се фалеше. Овојпат, влогот на покерашкото политикантство на Зоран Заев за што помал пораз на претстојните избори е здравјето и животот на граѓаните.
🛑Во услови кога нашата земја руши рекорди по бројот на новозаболени од Ковид-19, кога секој ден нова институција станува кластер на зараза и кога истовремено се следат неодговорните изјави и однесувањето на функционерите на СДСМ секој би се загрижил за сопственото здравје.
🆘Изминатиов период гледаме катастрофалното потфрлање од страна на работодавачите во јавниот сектор во обезбедување на услови за работа пропишани во одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа.
⚠Ако власта не може да обезбеди безбедни услови за работа во околу 1.300 институции, како тогаш да бидеме убедени дека тоа ќе може да го направи во околу 3.500 избирачки места колку што ги има на територијата на Република Македонија⁉
Почитувани,
🇲🇰Здравјето и животот на вработените во јавниот сектор не смеат да бидат заложници на неодговорни политичари. Како дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација сакам да порачам дека не смее да има компромис помеѓу здравјето и животот вработените во администрацијата и политичката агенда на политичари чие време изминува.

 

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковска 

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

?Со Владата на СДСМ, административците имаат причина да бидат загрижени за сопственото здравје. Почитувани,➡кога…

Posted by Невенка Стаменковска Стојковски on Сабота, 13 јуни 2020



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижен интернационален фестивал во Љубљана

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра без образложение