Утрински Весник
Македонија

Армијата се вклучи во тестирањата за Ковид-19

Потврден 101 нов случај со Ковид 19, оздравени 10, починати четири пациенти

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.

Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.

Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица.

МЗ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој корона вирусот, да соработуваат со епидемиолозите, и да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.

Само преку целосно придржување на мерките може да го спречиме ширењето на коронавирусот, истакнуваат од МЗ.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани

Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Божиновска по повод Денот на рударите: Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд