Утрински Весник
Македонија

Уписите во прва година во средните училишта во еден уписен рок, но со проширени термини, поради пандемијата

Уписите во прва година во средните училишта во еден уписен рок, но со проширени термини, поради пандемијата

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година.

Како што соопштија од Град Скопје, средните училишта од Градот го организираат пријавувањето и запишувањето на ученици согласно Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Р.Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година .

-Со оглед на пандемијата со КОВИД – 19 и потребата од воспоставување на безбеден начин на вршење упис, средните училишта на град Скопје воведуваат проширување на дефинираните термини за првото пријавување согласно очекуваната заинтересираност на ученици за упис и досегашното искуство. Утврдените временски термини се поставени на нивните веб страни и комуницирани преку социјалните мрежи, а целта на проширените термини е да се овозможи максимална безбедност за сите кои се дел од процесот,, наведуваат од градската администрација.

Од учениците, како што се посочува, се очекува да имаат претходно пополнета Пријава, која е електронски достапна како и претходно подготвена целосна документација со цел што пократко задржување во училиштето.

Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат без придружба од родител/ старател со исклучок на ученици кои од оправдани причини се спречени самостојно да го извршат уписот, и во тој случај се дозволува присуство на еден родител/ старател.

Користењето на заштитна опрема како маски и ракавици, оддржувањето на два метра физичка дистанца и целосно почитување на насоките од присутните редари е задолжително за секој посетител, навеуваат од Град Скопје. вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

19 годишниот Адис Бела бил мета на вечерашното пукање?!

(Обновено) Едно лица рането во пукањето во Чаир

(ВИДЕО) Врие специјалци во Чаир – има пукање и повредени