Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Ќе се поттикнува купување на домашни производи со поголем поврат на ДДВ 

Ангеловска ќе ја презентира МојДДВ#МојаНаграда, наградниот фонд половина милион евра
Dik 300x250 mk

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Граѓаните кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15% отсега ќе добиваат 20%. Ова е утврдено со владина уредба донесена вера, во насока на поттикнување на купување на македонски производи во насока на ревитализирање на македонската економија.

– Со поттикнување на потрошувачката на домашните производи и услуги им помагаме на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиите…на нашите пријатели, соседи, познаници, но и сограѓани кои не ги познаваме, а сега навистина им е потребна нашата поддршка. Таа поддршка можеме да им ја дадеме, така што наместо странски производ, ќе одбереме домашен. И ние знаеме и умееме да креираме квалитетни производи и услуги. Поддршката на домашните компании е од големо значење, особено сега кога сите земји даваат поддршка на националното производство и услуги, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

За странските производи, пак, со уредбата повратот се намалува од 15% на 10%, повторно во насока на стимулирање на купување на домашно производство.

Во МојДДВ учествуваат над 290.000 граѓани, кои даваат придонес во борбата против сивата економија. Со измените кои се донесени, тие ќе се приклучат и во поддршката на домашната економија, на домашните фирми, на зачувувување на работните места на граѓаните, соопшти Министерството за финансии.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто