Утрински Весник
Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва со детали за средбата кај Пендаровски

СДСМ: Поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со скандалот во Еко клуб е потврдена со факти

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – На вечерашната лидерска средба кај претседателот на државата на која не беше постигнат датум за предвремените парлемнтарни избори, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не спомнал ништо за здравствената криза, а главна цел му била да предизвика што поголема збрка со правни прашања за кои законите и процедурите се јасни, брифират од СДСМ.

Најпрво, велат од владејачката партија, го отворил прашањето дали мисијата на ОБСЕ ОДИХР може да дојде од утре, што, посочуват, е нелогично, мисијата треба да добие точен датум, да се организира и да пристигне. Мисијата веќе најави дека ќе прати набљудувачи. Спорел дека ДИК нема доволно време иако законот и уставот се јасни дека 22 дена по завршуваење на вонредната продилжува процесот. ДИК е извршно тело. Барал процесот со избирачкиот список да се врати на почеток, со увид, иако увидот е одамна завршен, брифираат од СДСМ.

Опизициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, во редовната објава на факти на денот што ја соопшти по завршувањето на лидерската,  го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека сака избори без набљудувачи,  како и дека претседателот Стево Пендаровски решил да му служи на Заев и оти спротивно на интересот на граѓаните не сака да ја продолжи вонредната состојба. Ги повтори и обвинувањата дека државата живее продолжен пик на КОВИД-19 поради ненавремените мерки на власта.

-1.Пендаровски реши да му служи на Заев. Спротивно на интересот на граѓаните не сака да ја продолжи вонредната состојба. .Заев сака избори без набљудувачи. Пендаровски потврди дека ОБСЕ не може да прати целосна мисија. Македонија живее продолжен пик на Ковид 19, стотици се заразуваат дневно и неколку умираат, затоа што власта не презеде навремено мерки. Хибридниот режим на Заев ослободува од гонење производители на марихуана за да користи лица од нивните семејства за параполициски структури, се фактите што ги објави ВМРО-ДПМНЕ.

Од кабинетот на претседателот  по средбата соопштија дека се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции. – На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

И Заев и Мицкоски во куси изјави рекоа дека нема позитивен исход од средбата и оти во интерес на разговорите се усогласиле соопштение да објави претседателскиот кабинет.

– Не успеавме да постигнеме договор. Во интерес на тоа што оставивме можност секако во текот на утрешниот ден доколку една од страните заклучи дека треба да се слушнеме – ќе се слушнеме. Остануваме на соопштението. Нема да дадеме дополнителни коментари во делот на изјавата, ниту да даваме одговор на прашањата. Тоа е усогласен став со претседателот на државата Пендаровски и со Мицкоски, изјави Заев.

И Мицкоски упати на соопштението, потенцирајќи дека за тоа што се зборувало денеска и во деновите што ќе следат ќе има дополнителни информации зависно од развојот на настанате.

-Во интересот на процесот, во интерес на сложеноста на целата ситуација донесовме заеднички заклучок  претседателот преку соопштение ја информира јавноста за тоа што денеска се зборуваше и деновите коишто следат, што се пред нас, ќе имате дополнителни информации за тоа како ќе се развиваат настаните. Она што е важно е дека до овој момент се уште нема договор, изјави Мицкоски.лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации