Утрински Весник
Македонија

Дескоска оствари разговор со новиот косовски министер за правда Селим Селими

Дескоска оствари разговор со новиот косовски министер за правда Селим Селими
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Министерката за правда Рената Дескоска денеска преку видео конференциска врска разговораше со новиот косовски министер за правда Селим Селими, честитајќи му го назначувањето на функцијата.

За време на разговорот, како што соопшти Министерството за правда, било отворено и прашањето за екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, при што министерката Дескоска истакнала дека очекува позитивен одговор од косовските власти на нашето барање за екстрадиција.

Дескоска, се наведува во соопштението, потенцирала дека искрено посакува европеизација на регионот и оти Министерството за правда на Република Северна Македонија е подготвено да ги сподели искуствата и да помогне во отворањето на преговорите. дма/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ осудува нечовечки третман на вработени во Министерството за меѓуетнички односи

СДСМ: Нов доказ за акцијата на ВМРО за уривање на СДСМ одвнатре 

СДСМ: Дали е ова новинар?