Утрински Весник
Македонија

Општина Велес ќе распише тендер за реконструкција на водоводната магистрална линија кон неколку населби и села во околината на градот

Општина Велес ќе распише тендер за реконструкција на водоводната магистрална линија кон неколку населби и села во околината на градот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 12 јуни 2020 (МИА) – Советот на Општина Велес на својата  вчерашна седница  ја измени и дополни Програмата за уредување на градежно земјиште, со што ќе бидат обезбедени 700 илјади  денари како учество на општината со цел да може да се распише тендерот за реконструкција на водоводната магистрална линија покрај Железен мост.

Со тоа, како што велат од локалната самоуправа, ќе се подобри водоснабдувањето во приградските  населбите Речани, Весела Долина, кај езерото „Младост“,  во селото Отовица, а особено кон селата Друтовец, Чалошово и Трпезица.

Како што информира за МИА Елизабета Јовчевска,  секретар на Општина Велес, со овој проект  на постоечката стара градска  водоводна линија на овој потег, старите дотраени помали  профили на цевки за  вода ќе бидат заменети  со нови и поголеми.

-Со тоа  на жителите од овие населени места ќе им се овозможи поголем дотек на вода, односно поголем притисок на вода во чешмите во нивните домови, појасни Јовчевска. ад/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ осудува нечовечки третман на вработени во Министерството за меѓуетнички односи

СДСМ: Нов доказ за акцијата на ВМРО за уривање на СДСМ одвнатре 

СДСМ: Дали е ова новинар?